Импресивен рекорд: Халанд стана фудбалерот кој најбрзо постигна 50 гола во ЛШ

September 19, 2025
1 min read
фото: Manchester City (X)

Норвешкиот голгетер во дресот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите синоќа на мечот со Наполи и со тоа стана фудбалерот кој најбрзо успеал да дојде до оваа бројка на голови во најсилното европско клупско натпреварување.

Напаѓачот на Манчестер Сити го отвори резултатот на натпреварот против Наполи и сега има 50 гола на само 49 одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Халанд до оваа бројка дојде побрзо од кој било друг фудбалер кој играл во ЛШ. На пример на Руд ван Нистелрој му беа потребни 62 натпревари, а на Лионел Меси 66. Ерлинг исто така го израмни рекордот на Тиери Анри по број на погодоци во ова натпреварување, но се уште е многу далеку од лидерот и рекордер, Кристијано Роналдо кој постигна 140 гола на 183 натпревари.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Алпите – „енергетска банка“ на високоразвиената Европа

Следно

Албанската бот министерка дебитираше во парламентот (ВИДЕО)

Latest from Blog

Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор во светот се во опасност поради развојот на вештачката интелигенција

Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор ширум светот би можеле да бидат во опасност поради развојот на вештачката интелигенција, според студија објавена денеска од консултантската фирма „Роланд Бергер“.

Николоски: По Локалните избори нови мерки и поволности за купување на станови и куќи за младите

Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Фокусот е ставен на младите

Честитка од македонската заедница во Тирана за претседателот на Собранието, Нико Пелеши

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна
Go toTop