Божиновска и ЕВН разговараа за заштита на потрошувачите и енергетски предизвици

September 18, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН, Александра Витман, и Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.

Средбата беше посветена на тековните состојби во енергетскиот систем, заштитата на потрошувачите и потребата од континуирана модернизација на дистрибутивната мрежа.

„Стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија е заедничка цел – во интерес на граѓаните и стопанството“, истакна Божиновска.

Разговорот беше фокусиран и на предизвиците со кои се соочува европскиот енергетски сектор, новиот Закон за енергетика во Македонија и заедничката одговорност за обезбедување на одржлива и безбедна енергетска иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Словенија има понуда за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко

Следно

Ѓорѓиевски: Заеднички кон почисти и пофункционални градови

Latest from Blog

Уште еден удар за Алвеш: Го изгуби судски спор со клубот, ќе мора да му плати милиони

Судот за спортска арбитража (CAS) пресуди во корист на мексиканскиот тим Пумас УНАМ во нивниот правен спор со Дани Алвеш. На почетокот на 2023 година, бразилскиот дефанзивец беше отпуштен од Пумас поради

Зеленски потпиша закон за 100-годишно партнерство со Велика Британија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој се ратификува 100-годишниот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Документот дефинира долгорочна рамка за соработка во областите на безбедноста, одбраната, економијата, науката, технологијата

Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста

Во светот на модата и облеката во 21. век, полиестерот е неизбежен – од спортска до секојдневна облека. Сепак, најчестиот синтетички материјал може да има сериозно влијание врз човековото хормонално здравје. Иако

Меџити: Во срцето на Чаир ќе има Територијална противпожарна станица

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити, денеска го претстави еден од најважните проекти за јавната безбедност на граѓаните, изградбата на Територијалната противпожарна станица во срцето на

„Песните на мајките оживуваат“ – заборавените македонски текстови повторно се слушаат

Во северниот дел на Грција, каде што долго време беа потиснувани словенските македонски говорници, новиот проект Меглен: Песни со текстови од регионот Моглена-Караџова создава простор за враќање на една скриена култура. Иницијативата,
Go toTop