Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

March 9, 2023
1 min read

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски.

Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8” ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден, велат од општината. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на градежните работи на почетокот од изградбата и истакна дека со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж во овој фрекфентен дел од општината, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во рамки на проектот планирана е изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот. Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Украина: Интензивирани руските напади врз енергетската инфраструктура, на нишан и Киев

Следно

МОН: Се подготвува првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници

Latest from Blog

Полувреме во Њу Џерси: “Страшната“ Франција игра СТРАШНО здодевно

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција

Г7 врши притисок врз Путин: „Стопирај ја војната“

Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите,

Одлука за живот по смртта: Личната волја станува клучна за дарување органи

Органодарителството во Македонија добива нов импулс со најавените законски измени според кои секој полнолетен и деловно способен граѓанин ќе може однапред да се изјасни дали сака по смртта да биде дарител на

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Репрезентациите од Азија се уште немаат ниту еден пораз на ова Светско првенство. Во првото коло од групната фаза досега настапија 6 од 9-те претставници на

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економска трансформација на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици,
Go toTop