Познатиот битолски специјалист уролог, д-р Илија Келепуровски, ја прифати кандидатурата за советничко место на претстојните локални избори во Битола на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твојата Македонија“.
„Со особена благодарност и со чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за советник. Ова за мене е пред се чест, но и обврска пред совеста и пред сите вас. Тука ми е домот. Тука ги делам секојдневните радости и грижи со луѓето што ги среќавам секојдневно. Не ветувам лесни решенија, но напорна работа, да! Делата ќе зборуваат погласно од зборовите – тоа е моето ветување кон вас! Ви благодарам за поддршката која многу ми значи, од мене за вас!“, порача д-р Келепуровски до битолчани.
Д-р Келепуровски е добро познат на битолската јавност, особено по воведувањето на нова метода за операција на карцином на простата во Клиничката болница во Битола во март годинава, која ја изведе заедно со лекар од Скопје.