Соработката меѓу ДУИ и ЛЕВИЦА не е ниту коалиција ниту политичка новина, туку сојуз на срамот кој функционира веќе три години во градот Скопје, правејќи ја ДУИ единствената партија што соработува со субјект јавно прогласен како анти-НАТО и анти-ЕУ. Ова го изјави првиот вицепремиер и истовремено кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, коментирајќи ја соработката на Али Ахмети со ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев.
„Не е сензација соработката меѓу ДУИ и проруската ЛЕВИЦА. Единственото нешто што го имаат направено е оддавањето почит на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, и тоа го имаат како елемент, како точка на спој со Албанскиот корпус. Тоа е најлошото за Македонија, ниту една македонска партија не сака да соработува со ЛЕВИЦА, да ги има за партнери, само ДУИ го прави тоа, досега во главниот град, а веќе и низ другите градови со мнозинство на населението Албанци,“ изјави Меџити.
Меџити исто така потенцира дека оваа „црна коалиција“ е нај јасниот доказ за политичката дегенерација на ДУИ, која за да ја зачува локалната власт, е подготвена да гази врз евроатлантската ориентација на Албанците и врз националниот интерес.
Според првиот вицепремиер Изет Меџити, ВЛЕН во владата ја брани ориентацијата на Северна Македонија кон Европската Унија, додека ДУИ со ЛЕВИЦА ги отвораат вратите за Русија и изолацијата, додавајќи дека албанските граѓани ќе ја казнат оваа срамна алијанса на изборите на 19 октомври.