Ѓорѓиевски: Почна изградбата на првата училишна спортска сала во Припор

September 17, 2025
1 min read

радоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор. Новата сала ќе биде сместена во дворот на ПОУ „Круме Кепески“, ќе се простира на 500 квадратни метри и според планот, се очекува да биде завршена во рок од две години.

Проектот е овозможен со поддршка од Владата на Република Македонија, по успешната апликација на Општина Кисела Вода на повикот за капитални проекти. Салата ќе овозможи современи услови за спорт и рекреација на учениците и младите од Припор, а дополнително ќе се изврши и целосно партерно уредување на училишниот двор.

„Со изградбата на оваа спортска сала инвестираме во подобро образование, здрави навики и развој на младите генерации во Припор,“ истакна Ѓорѓиевски.

Во изминатите четири години, Општина Кисела Вода реализираше или започна изградба и реконструкција на повеќе училишни спортски сали, вклучувајќи ги Пинтија, „Невена Георгиева Дуња“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Партение Зографски“ и „Климент Охридски“. Во моментов се подготвува документација за нова сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, а салата „Расадник“ се реконструира темелно во соработка со Министерството за спорт.

Проектите се дел од стратешката цел на општината за унапредување на спортската инфраструктура, образование и квалитетот на живот на младите во Кисела Вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Трамп ме покани во Белата куќа

Следно

На 22-ри септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Latest from Blog

Битолскиот уролог д-р Илија Келепуровски кандидат за советничко место од ВМРО-ДПМНЕ

Познатиот битолски специјалист уролог, д-р Илија Келепуровски, ја прифати кандидатурата за советничко место на претстојните локални избори во Битола на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твојата Македонија“. „Со особена благодарност и со

Прекумерното консумирање протеини може да биде штетно за некои здравствени состојби

Поради изобилството совети за внесување повеќе протеини, вклучувајќи додатоци во исхраната како што се протеинските шејкови, многу производители сè повеќе ја истакнуваат содржината на протеини на пакувањето за да ја поттикнат продажбата.

Муртезани: Заедничка визија за европски интегриран регион

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Прага оствари работна средба со министерот за европски прашања на Чешката Република, Мартин Дворжак. Во рамките на разговорите беше нагласена блиската и пријателска соработка

Стопанска банка со промет од над 11 милиони денари ја предводи трговијата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза На денешното тргување на Македонската берза, беа остварени вкупно 38,09 милиони денари промет, со што продолжува релативно стабилниот
Go toTop