Масовни протести во Грузија поради законот за странски агенти – полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите

March 8, 2023
1 min read

Судирите следуваат откако пратениците во грузискиот парламент го поддржаа првото читање на нацрт-закон за странски агенти за кој критичарите велат дека ќе ѝ наштети на слободата на печатот и ќе ја турне земјата кон авторитаризам

Втор ден по ред на улиците на главниот град на Грузија, Тбилиси, се случуваат масовни протести поради предлог-законот за странски агенти кој пред два дена беше причина и за тепачка меѓу пратениците од власта и од опозицијата во грузискиот парламент.

Предлог-законот предвидува дека организациите кои од странство ќе добиваат повеќе од 20 отсто од својот буџет, треба да се регистрираат како „странски агенти“ и да подложат на мониторинг од страна на Министерството за правда или, во спротивно, ќе се соочат со високи казни.

Ваквиот предлог-закон предизвика бурни реакции во јавноста, која втор ден по ред излегува на масовни протести.

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Ројтерс“ пишува дека на денешните протести пред парламентот на Грузија полицијата употребила солзавец, водени топови и шок-бомби во обид да ги растера демонстрантите. Стотици полицајци, од кои многумина носеле безбедносни штитови, се собрале на улиците околу зградата на парламентот во обид да ги разбијат протестите.

Облаците од солзавец принудиле барем дел од илјадниците демонстранти да се оддалечат од парламентот.

Неколку десетици луѓе претходно ја пробиле металната бариера подигната на одредено растојание од парламентот, но не покажале знаци дека се обидуваат да влезат во зградата на законодавниот дом на Грузија.

Денешните демонстрации се случуваат еден ден по судирите меѓу полицијата и активистите кои резултираа со десетици апсења. Грузиската полиција објави дека во судирите се приведени вкупно 77 лица кои се обвинети за помало хулиганство. Тие наводно фрлале со камења и со лесно запаливи материи кон полициските службеници и физички ги напаѓале.

Судирите следуваат откако пратениците во грузискиот парламент го поддржаа првото читање на нацрт-закон за странски агенти за кој критичарите велат дека ќе ѝ наштети на слободата на печатот и ќе ја турне земјата кон авторитаризам.

Предложениот закон, поддржан од владејачката партија Грузиски сон и одобрен во првото читање ги принудува граѓанските организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да бидат класифицирани како „странски агенти“. Законот беше спореден со законите донесени во Русија каде што сите организации или поединци кои добиваат финансиска поддршка од странство може да се прогласат за „странски агенти“, ознака што ги стигматизира и ги принудува да се подложат на ревизии.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Албанија: Февруарската инфлација е 7,1 отсто

Следно

Неопходно носење маска поради густиот смог во многу делови на Тајланд

Latest from Blog

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди

Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

Универзитетскиот професор Цане Мојаноски во Аргумент плус, рече дека со прифаќањето на името Лав IV, новиот избран папа на некој начин соопштува дека ќе ги афирмира и прифати принципити кои ги имаше

Ердоган со честитки до новиот папа Лав XIV, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните кризи

ИСТАНБУЛ (АА) – Во писмото во кое му го честита изборот на новиот папа Лав XIV, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните

Германците стануваат сè покритични кон Израел, покажа најновата анкета

БЕРЛИН (АА) – Германците имаат сè понегативен став за Израел, 60 години по воспоставувањето на билатералните дипломатски односи, покажа новото истражување објавено денес од Фондацијата „Бертелсман“, јавува Анадолу. Извештајот посочува на значителна

Министерот Муцунски во Украина – оддаде почит на украинските херои, ќе се формира Специјален трибунал за злосторствата врз Украина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, престојува во еднодневна посета на Украина, на покана на неговиот украински колега Андриј Сибига. Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот
Go toTop