Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

September 14, 2025
1 min read

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Годинашниот 69. Конгрес на ФУЕН ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Нашето друштво е рамноправен член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенските малцинства при Унијата. Од тогаш редовно учествуваме на сите одржани конгреси, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него, домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на ФУЕН. Се очекува да присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН. Ние како друштво ќе предложиме Резолуција за унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија, додава Ѓурѓај.

Посочи дека домаќинот, Јужнотиролската народна партија ги застапува интересите на населението во Јужен Тирол, регион познат низ цела Европа по својата јазична и културна разновидност, а кој често се нарекува „мала Европа во Европа“.

Федералната Унија на европски националности, нагласува тој, годинава одбележува 75 години постоење и понатаму „останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Следно

ВИДЕА од вчера и денес: Пожарот во Трубарево е изгаснат, нема активно горење

Latest from Blog

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop