Пренџов: Оваа влада е непринципиелна, ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери

March 8, 2023
1 min read

Пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека оваа влада е непринципиелна, не излегла на избори, а ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери.

-Ова е непринципиелно што се случува бидејќи имаме класично изигрување на волјата на граѓаните во Македонија и пред се на волјата на нашите сограѓани албанци сите оние граѓани кои што гласаа за Алијанса на Албанците гласаа тие да бидат опозиција.Тие во никој случај не гласаа да Алијанса и ДУИ бидат во една влада и тоа е нечесно што им се прави на нашите сограѓани и тоа една од причините зошто довербата на јавноста на граѓаните во политиката во институциите е на рекордно ниско ниво во овие последни 30 години“, рече Пренџов во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа телевизија.

Пренџов истакна дека оваа влада не се бори против корупцијата бидеќи 6 години се на власт а од борба со корупцијата нема ништо.

„Не се согласувам со колешката Зајкова дека ќе имало борба против корупцијата да не заборавиме денес не е 2017 година, тогаш можеби многу веруваа дека ќе има борба против корупцијата но за 3 месеци од денес 6 цели години СДСМ и ДУИ се на власт. И како поминуваат овие години така сме се полошо и полошо според перцепцијата на корупција која што не ја зборува само опозицијата туку ја зборуваат сите реномирани меѓународни организации“, истакна Пренџов.

Пренџов додаде и дека оваа влада не е европски фронт, дека ова нема никаква врска со Европската Унија туку ова е фронт за спас на определени политички кариери во власта на луѓе кои што никогаш не се појавиле на избори.

„Сметам дека ова не е европски фронт ова нема никаква врска со Европската Унија ова е фронт за спас на определени политички кариери во власта на луѓе кои што никогаш не се појавиле на избори и практично ние имаме денес конечно она што СДСМ го зборуваше кога беа во опозиција една киднапирана држава, денес имаме киднапирана влада која што ја командуваат луѓе кои што никогаш претходно не биле на избори тоа е ниту Ковачевски ниту Артан Груби, ниту Маричиќ ниту Бујар Османи тие никогаш не излегле пред ниту еден граѓанин“ , нагласи Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Штетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари

Следно

За градоначалникот на Бутел Костовски НЕМА ПАУЗА, продолжува со градежната офанзива во Луботен (ФОТО)

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop