ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ УНИШТУВАЊАТА ВО ВЛАХО И ЛАГАДИН, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

March 8, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција зборуваше за заштитата на културното наследство, како и за актуелните случувања во Охридскиот Регион, откако периодов беше оштетен археолошкиот локалитет Влахо при ископ на јаглен, а Министерството за транспорт и врски го поништи решението на Општина Охрид за стопирање на изградбата на хотел во Лагадин.

Министерката кажа дека тоа се преседани кои што не смеат да се повторат, бидејќи културното наследство е врвен приоритет.

Во однос на изградбата на хотелот кај Лагадин, за кој, Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата , Националната комисија за УНЕСКО, по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин денеска ги донесе следниве заклучоци: „Се препорачува општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, при тоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“.

„Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на општина Охрид“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ѝ препорача на Општина Охрид да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022.

Министерката препорачува и Охрид да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, имајќи предвид дека во Законот е од јавен интерес.

Ова, рече таа, доаѓа како резултат на следењето на препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

„Во новата Одлука општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови“, рече таа.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Затворска казна за хулиганот кој го нападна голманот на Севиља

Следно

(ФОТО) Инциденти на масовните протести во Атина поради трагичната железничка несреќа

Latest from Blog

Двојно убиство во Прилеп

Семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања според обвинителството се причина што 63 годишниот прилепчанец вчера ги убил 43 годишниот внук од сопствена сестра и неговиот 12 годишен син. Убиецот телефонски му се

Со ископувањата во древниот град Троја во Турција се истражуваат артефактите поврзани со легендарната Тројанска војна

ЧАНАККАЛЕ (АА) – Археолозите продолжуваат со ископувањата во древниот град Троја, во Северозападна Турција, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО со историја од 5.500 години, со цел

Прва победа за Македонија, совладана е Грузија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Ерменија. Во натпреварот од третото коло Македонија ја совлада Грузија со 92:84 (31:22; 25:13;

„Ситуацијата во Газа е ужасна и неприфатлива“, изјави американската пејачка Оливија Родриго

АНКАРА (АА) – Американската пејачка Оливија Родриго изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, кој се наоѓа под израелски напади, е „ужасна и целосно неприфатлива“ и објави дека за децата во Газа донирала

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет. Честитајќи им
Go toTop