Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Гази Баба, каде што ќе изврши увид во градежни активности на неколку проекти.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот ќе изврши увид во изградба на спортско-рекреативен центар „Идризово“, во изградбата на градинка Трубарево и увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром – проект кој е финансиран од вториот повик на Владата за поддршка на проекти на општините.
Извор: kurir.mk