Расте бројката на жртви по излетувањето на жичницата во Лисабон

September 3, 2025
1 min read

Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, која е популарна кај туристите, излета од шините денеска.


Загинаа најмалку 15 лица, додека 18 се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 15 се соп полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица се наоѓале на жичницата во времето на несреќата.


Покрената е истрага за причината за несреќата.

Линијата, отворена во 1885 година, го поврзува центарот на Лисабон во близина на плоштадот Рестаурадорес со Баиро Алто, населба позната по својот жив ноќен живот. Возилото го управува градската компанија за јавен превоз „Карис“.


Нејзините два вагона се прикачени на спротивните краеви на кабел за влечење, а влечењето се обезбедува со електрични мотори на два од вагоните.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меџити: Полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа поради сомнеж дека Груевски можел да го користи за бегство

Следно

Системот со камери проработува од задутре во Бугарија- казни за возачите до 600 евра

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop