Познатиот битолски архитект влегува во трката за градоначалник

September 2, 2025
1 min read

Познатиот битолски архитект и сценограф Зоран Николовски официјално поднесе кандидатура за независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Битола.

Николовски е вработен во Завод и Музеј Битола од 1999 година, а во два наврати раководеше со оваа институција – од 2006 до 2010 година, за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, и неодамна како в.д. директор предложен од партијата ЗНАМ. Тој беше сменет по одлука на министерот за култура Зоран Љутков, кој не ја продолжи неговата функција. Познат е по бројни проекти и поставки во музеите низ земјата, како и по јавните архитектонски идеи за поубава Битола кои ги објавуваше на социјалните мрежи.

На претходните локални избори Николовски беше еден од внатрепартиските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, но довербата тогаш ја доби Тони Коњановски.

 

Во изјава за „Апла“, Николовски ја објасни својата одлука:

„Мојата кандидатура е природна реакција на досегашното владеење на политичарите во Битола. Јас не сум политичар, јас сум архитект. Архитектот е конструктивен, политичарот е деструктивен. Цел мој живот сум го посветил на родниот град и многу добро знам што му треба и како тоа да го направам. Мојата визија ми е сè во животот – со неа се будам, со неа заспивам.“

Со неговата кандидатура, бројот на независни кандидати за градоначалник на Битола се зголемува на тројца. Покрај Николовски, во трката се и Ќире Димов, поддржан од партијата ТМРО на Ванчо Шехтански, и Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“.

Од редовите на партиите, досега официјално свои кандидати имаат актуелниот градоначалник Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Методија Куновски од СДСМ. Битолчани со внимание очекуваат дали и Левица ќе излезе со сопствен кандидат или ќе даде поддршка за некој од веќе најавените.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп: Овенот да избегнува исцрпеност, додека Бикот да внимава на стресот

Следно

Јужна Кореја: Околу 2000 севернокорејски војници загинаа во Русија

Latest from Blog

Го славиме светиот апостол Тадеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 август. Светиот апостол Тадеј Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј којшто беше од Дванаесеттемина апостоли. Свети Тадеј прво го виде и го

Изменет сообраќааен режим на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните

Над илјада загинати и само еден преживеан во огромно свлечиште во Судан

5 Во оддалечениот регион на планините Мара, во западен Судан, најмалку илјада луѓе загинаа во огромно свлечиште, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Според нив, обилните
Go toTop