Денеска е Светиот пророк Михеј II

August 27, 2025
1 min read

Светиот пророк Михеј II

Од племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Езекија. Ги изобличуваше пороците на својот народ и лажните пророци коишто пророкуваа „за вино и жесток пијалок“.

Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажа и пропаста на Ерусалим, којашто ќе дојде зашто поглаварите негови ќе земаат мито, свештениците ќе учат за плата, а неговите пророци ќе гатаат за пари. „Затоа, заради вас, Сион ќе се преора како нива и Ерусалим ќе стане како купиште.“

Но од сите негови пророштва најважно е пророштвото за Месијата, особено за местото на Неговото раѓање. Тој го именуваше Витлеем како место на раѓање на Месијата, на Кого исходот му е од почетокот, од вечните времиња.

Не се знае точно дали и овој пророк беше убиен од Евреите или умре со мирна смрт (Еремија 26, 18-19). Но се знае дека беше погребан во неговото родно село и дека моштите му ги пронајдоа заедно со моштите на Пророкот Авакум, во времето на царот Теодосиј Велики, според некое таинствено откровение што го имал Елевтерополскиот епископ Зевин.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

Следно

Јужна Кореја со закон забрани мобилни телефони во училиштата

Latest from Blog

Од запуштен до модернизиран: Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби нов лик

Пред неколку години, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беше во лоша состојба. Јужната трибина немаше практично никакви седишта, скалниците беа оштетени, а челичните елементи и настрешницата покажуваа знаци на корозија. Инфраструктурата не

Бајовски: Рамномерен развој и инвестирање во сите населени места во Општина Чучер Сандево

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори за првпат излегува со свој кандидат за градоначаник во Општина Чучер Сандево. Колку ова го чувствувате како притисок или пак мотивација?  Бајовски: Кандидатурата не ја чувствувам

Мелони: Сојузниците го разгледуваат италијанскиот предлог за гаранции за Украина

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, изјави денес дека предлогот за безбедносни гаранции за Украина, сличен на Членот 5 од НАТО, моментално е главна тема на преговарачката маса на сојузниците. „Италијанскиот предлог, базиран
Go toTop