Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

August 27, 2025
1 min read

И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Суштината е јасна: не може да си политичар кој јавно е против ЕУ, кој секојдневно зборува дека ‘глобалистите и амбасадите’ ја корумпираат македонската политика, да држиш анти ЕУ став, а истовремено твојата најблиска фамилија да користи европски пари од Еразмус програмите.

Јас сум член на Комисијата за европски прашања и цел претходен мандат активно се спротивставував на злоупотребите на СДСМ и ДУИ со европските фондови. Ама сега ми е јасно зошто еден цел мандат додека Таљо преку Арбер ја злоупотребуваше комисијата Димче го немаше на ниту една комисија-во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома!

Денес по веста за ЕУ финансирањето, со цел да ме омаловажи, самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето, ја мобилизираше својата троловска армија со лаги и клевети. Но вистината е една – разобличен е до даска.

И нема лутење јавноста има право да праша:

– Кој му го среди станот по цена што обичен граѓанин никогаш не може да ја добие?

– Кој му ги плаќа одморите низ Европа додека глуми анти-ЕУ револуционер?

– Кој друг, освен тој и Артан Груби, успеа да добие дуќан по таква цена во центар?

Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат. Не можеш да ја плукаш Европа да кажуваш приказни за имеријалистички сили, а да живееш од европски пари. Не можеш да проповедаш морал, а да бидеш шеф на троловско подземје што фабрикува лаги за политички противници.

Разобличен си лажго кој нарачува најдолни клевети ама нема лутење, толку ти е силна желбата да ме наклеветиш што изгледаш очајно, порано беше по креативен, те расипаа квадратите деловен простор и кешот другар!, пишува во својата објава Лефков.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Исак непоколеблив: Не се враќа на тренинг, чека трансфер

Следно

Денеска е Светиот пророк Михеј II

Latest from Blog

Од запуштен до модернизиран: Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби нов лик

Пред неколку години, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беше во лоша состојба. Јужната трибина немаше практично никакви седишта, скалниците беа оштетени, а челичните елементи и настрешницата покажуваа знаци на корозија. Инфраструктурата не

Бајовски: Рамномерен развој и инвестирање во сите населени места во Општина Чучер Сандево

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори за првпат излегува со свој кандидат за градоначаник во Општина Чучер Сандево. Колку ова го чувствувате како притисок или пак мотивација?  Бајовски: Кандидатурата не ја чувствувам

Мелони: Сојузниците го разгледуваат италијанскиот предлог за гаранции за Украина

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, изјави денес дека предлогот за безбедносни гаранции за Украина, сличен на Членот 5 од НАТО, моментално е главна тема на преговарачката маса на сојузниците. „Италијанскиот предлог, базиран
Go toTop