Големиот пожар кај селото Октиси ставен под контрола

August 14, 2025
1 min read

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска беа присутни на терен кај селото Октиси, каде што беше активен голем пожар.

Иако огнената стихија зафати значителна површина, навремената интервенција овозможи пожарот да биде ставен под контрола. На одредени локации и понатаму има појава на чадења, кои се внимателно следени од екипите на терен.

Во акцијата за гаснење учествуваа:

  • авион „Ер трактор“ на ДЗС, кој интервенираше од воздух,
  • 6 пожарникари и едно противпожарно возило од ТППЕ – Струга,
  • 10 лица од ЈП „Македонски шуми“,
  • 2 возила „Пинцгауер“ од ДЗС,
  • локални жители.

Благодарение на одличната координација меѓу сите служби и несебичната помош на населението, спречено е ширење на пожарот кон куќите и селото.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да пријавуваат секое забележано чадење или оган, со цел да се избегне повторно активирање на жариштата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗОРИЦА ВЕЛКОВСКА Е НОВА НАЦИОНАЛНА ПРЕТСТАВНИЧКА ВО ПАНЕВРОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФОНД ЕУРИМАЖ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: Градоначалникот го игнорира проблемот со јаловиштето

Latest from Blog

Нови авиолинии од Скопје кон Прага и Келн

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19:25 ќе биде обновена линијата на Виз ер до Келн со четири лета неделно – секој понеделник, среда, петок и недела. Оваа авиолинија е порака дека

Димовски: Врвниот национален приоритет што го делиме со САД е успешно завршување на процесот на евроинтеграциите

Соединетите Американски Држави се наш стабилен, доверлив и стратешки партнер. Тие во изминатите децении имаа огромна улога во развојот на нашата држава – од јакнењето на институциите, преку процесите на демократизација и
Go toTop