Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работа – се бара решение преку преговори со приватната компанија

August 14, 2025
1 min read

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот Алиу информираше дека вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работното место.

-Денеска наутро имав средба со вработените во пералната. Тие веќе работат таму, се договоривме и ги информирав дека е во тек процесот со кој пред 10 дена Владата ме задолжи и како Министерство и како министер да почнам преговори со приватната компанија со која што имаме јавно приватно партнерство за да најдеме решение. Знаете дека тоа партнерство датира од 2019 година и досега немаме никаков резултат и сега треба да видиме дали е пречката во административните процеси, дали од наша страна или од страна на приватниот партнер. Како и да е, колегите веќе од денеска се на работа и ќе го чекаме исходот кој се надевам ќе биде брз, изјави министерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дваесет години од најголемата авионска несреќа во историјата на Грција и Кипар

Следно

Европскиот фронт слабее: Демократска партија на Турците излегува од коалицијата

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop