Претседателот на Собранието Гаши го потпиша Решението, локалните избори ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието Африм Гаши, ги распиша локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври.

Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални избори, согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.

Првиот круг за избор на градоналачници на советите на 80 Општини и Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври.

Вториот круг треба да се одржи на 2 ноември, во оние единици од локалната самоуправа каде што изборите нема да завршат во првиот круг.

„Ова решение го доставив до надлежните органи за организирање и спроведување на изборите и очекувам максимален ангажман за реализација на чесен и демократски процес. Ве информирам дека во текот на изборната кампања, која започнува 20 дена пред одржувањето на изборите, Собранието ќе продолжи со редовното административно функционирање, но нема да одржува пленарни седници. Оваа одлука има цел да се избегне злоупотребата на собраниската говорница за изборни цели и да им овозможи на пратениците целосно да се посветат на комуникацијата со граѓаните“, кажа денеска Гаши.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонијатурист со најголем промет за неделата од 04–08 август

Следно

Во Појасот Газа, каде што Израел спроведува глад, уште 11 лица починаа од глад во последните 24 часа

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop