Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем

January 10, 2023
1 min read

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони проговори за статусот на напаѓачот Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство во 2022 година.

– Мислам дека не му требаше светска титула за да се смета за еден од најголемите. Само што од него секогаш се бара повеќе. Сега кога го освои Светското првенство, не знам што друго ќе се бара од него. Многу сме среќни за Меси и за целата земја, изјави Скалони за „Радио Калвија“.

Аргентина предводена од Лионел Меси стана светски фудбалски шампион освојувајќи го Мундијалот во Катар во декември 2022 година.

Така Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата богата кариера.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден во март ќе ја посети Канада

Следно

Вархеји на средба со Лајчак: Напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен за нивниот европски пат

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните
Go toTop