Руските напади со беспилотни летала предизвикаа голема штета во украинската област Суми

August 8, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во нападите со беспилотни летала руските сили во текот на ноќта ја погодија областа Суми во Украина, при што е предизвикана голема штета на станбени и нестанбени згради, возила и инфраструктура, според Државната служба за вонредни состојби на Украина, jавува Анадолу.

Во градот Суми е предизвикана штета на неколку станбени згради, комерцијални објекти, возила и една продавница. Еден цивил е повреден. Екипите за итни случаи брзо ги изгаснаа пожарите и извршија темелни инспекции на погодените области.

Заедницата Шостка, исто така, беше нападната, при што во три напади со беспилотни летала се оштетени повеќе станбени згради, автомобили и објекти на инфраструктура.

Припадниците на Службата за итни случаи реагираа брзо и го изгаснаа големиот пожар предизвикан од нападите. За среќа, нема пријавени жртви.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски: Света Петка нека донесе мир, љубов и благослов во секој дом

Следно

Стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop