„Туркиш ерлајнс“ превезе 51,2 милиони патници во периодот од јануари до јули

August 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – „Туркиш ерлајнс“, националниот авиопревозник на Турција, денес соопшти дека во првите седум месеци од 2025 година превезол вкупно 51,2 милиони патници, со просечен фактор на пополнетост од 82,1 %, јавува Анадолу.

Компанијата наведе дека бројот на патници се зголемил за 4,7 % во споредба со истиот период минатата година, стои во соопштението објавено на Платформата за јавно обелоденување на Турција (KAP).

Бројот на патници кои патуваат на меѓународни летови со транзит пораснал за 9 %, достигнувајќи 19,6 милиони од јануари до јули.

Пополнетоста на летовите во истиот период е зголемен за 0,6 процентни поени во однос на минатата година. На меѓународните летови, тој изнесувал 81,7 %, додека на домашните летови достигнал 85,6 %.

Вкупната бројка на достапни седишта на километри се зголемила за 6,1 %, достигнувајќи 153,9 милијарди километри, во споредба со 145,1 милијарди километри во истиот период од 2024 година.

Превозот на карго и пошта пораснал за 4,4 %, достигнувајќи 1,21 милион тони во првите седум месеци од 2025 година, наспроти 1,16 милиони тони во истиот период минатата година.

Флотата на компанијата достигнала 491 авион до крајот на јули.

Само во јули, бројот на патници на „Туркиш ерлајнс“ се зголемил за 8,4 % на годишно ниво, достигнувајќи 9 милиони патници.

Бројот на патници со меѓународен трансфер лет во јули се зголемил за 12,8 % во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи 3,3 милиони, додека факторот на пополнетост се зголемил за 0,2 процентни поени и изнесувал 85,4 %.

Во јули, факторот на пополнетост на меѓународните летови бил 84,8 %, додека на домашните летови 90,6 %.

Карго и поштенскиот сообраќај достигнал 191.100 тони во јули 2025, што претставува раст од 11,2 % во споредба со истиот месец од 2024 година.

​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаку: Меси и Роналдо се одлични играчи, но Бензема е пример за мене

Следно

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот – исчекор кон целосна дигитализација на здравствените услуги

Latest from Blog

Аријана Гранде реагира на номинацијата за Златен глобус: Малку сум изненадена

Популарната 32-годишна актерка и пејачка беше номинирана минатата година за првиот дел од филмот, а сега и за продолжението во 2025 година. Изненадена и длабоко почестена Во интервју за „The Hollywood Reporter“,

Конечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!

ФОТО: Manchester United/FB Конечно. Ова е вистинскиот Јунајтед, убедлив, разигран, па макар и против најслабиот тим во ПЛ. Манчестер Јунајтед го победи Вулверхемптон во 15-то коло од Премиер лигата со резултат 4:1,

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,
Go toTop