Индискиот премиер Моди за царините на Трамп: „Подготвени сме да платиме висока цена“

August 7, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Спротивставувајќи се на зголемувањето на американските царини, индискиот премиер Нарендра Моди денес изјави дека е подготвен да плати „висока цена“, ветувајќи дека „никогаш нема да прави компромис“ во однос на интересите на народот и нацијата, јавува Анадолу.

Неговата изјава дојде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведува дополнителна царина од 25 проценти за индиските производи како одговор на континуираните купувања руска нафта.

Со новата наредба американските царини за индискиот увоз ќе се зголемат на 50 проценти, а половина од нив ќе стапат на сила денес.

„Грижата за нашите земјоделци е највисок приоритет“, рече Моди на настан во главниот град Њу Делхи, додавајќи дека „Индија никогаш нема да прави компромис со интересите на своите земјоделци, сточари и рибари“.

„Знам дека ќе мора да платам висока лична цена за ова. Но подготвен сум за тоа“, рече Моди.

Њу Делхи ги нарече новите високи царини на Доналд Трамп крајно несреќни и неговите потези ги карактеризира како неправедни, неоправдани и неразумни.

Трамп ја обвинува Индија дека профитира од препродажбата на руска нафта.

Иако Индија беше меѓу првите што започнаа трговски разговори со САД, двете страни сè уште не постигнаа договор бидејќи Њу Делхи се противи на отворањето на своите земјоделски и млечни пазари.

„Агендата на царини е во самото срце на политиката на Трамп. Не мислам дека има нешто дополнително кога станува збор за Индија. Тој сака да склучи договор што е поволен за САД. На некој начин неговиот пристап е многу трансакциски, дај помалку, земи повеќе“, изјави Абхиџит Мукопадјај, виш соработник во Фондацијата за истражување Чинтан во Њу Делхи, за Анадолу.

Трговската размена меѓу САД и Индија минатата година надмина 190 милијарди долари, но САД сè уште имаат трговски дефицит со Индија од околу 45 милијарди долари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола добива нови обучени сезонски пожарникари – Коњановски со силна поддршка за проектот

Следно

ВИДЕО: Жестока тепачка на натпреварот Комо – Бетис

Latest from Blog

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“

Заврши состанокот на Зеленски со европските лидери – Макрон: Европа има многу „карти во своите раце“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши билатералната средба со британскиот премиер Кир Стармер и ја напушти канцеларијата на британскиот премиер. Украинскиот претседател сега патува за Брисел, каде што ќе се сретне со

Магла на Ѓавато и Пресека, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. -На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури
Go toTop