Фердинанд: Вистинско време за победа на Јунајтед на Енфилд

March 5, 2023
1 min read

Манчестер Јунајтед денеска гостува на Енфилд во меч од редовното коло во англиската Премиерлига.

Рио Фердинанд верува дека неговата страна или Јунајтед, има добри шанси против Ливерпул кој сезонава мака мачи со повредите на играчите.

Самоуверен сум како никогаш досега последните 6-7 години, мислам дека Манчестер Јунајтед има шанси да оствари победа на ова гостување. Од друга страна Ливерпул имаше неколку нестварни сезони, но оваа сезона имаат проблеми, а Јунајтед е во одлична форма. Сега е вистинско време да се оди на Енфилд, нема поголема победа за еден играч на Јунајтед освен на Енфилд“, изјави Рио Фердинанд.

Јунајтед е во трка за титулата, иако заостанува зад Сити и Арсенал, но од друга страна Ливерпул е во грчевита борба да обезбеди пласман во ЛШ, што ќе им биде крајно тешко со оглед на конкуренцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР со прогноза: Еве какво ќе биде времето во наредните денови (ФОТО)

Следно

Женско рели на улиците на Скопје – награди за сите учеснички

Latest from Blog

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се
Go toTop