Женско рели на улиците на Скопје – награди за сите учеснички

1 min read

Женско рели ќе се вози денеска на улиците на Скопје, по повод 8. Март, Светскиот ден на жената. Појдовна точка е Спортски центар „Борис Трајковски“, а заинтересираните треба да бидат на локацијата во 9 часот наутро, кога почнува административната проверка и верификација. Следува кратко упатство за учесничките, а во 10 часот натпреварот свечено ќе биде отворен.

– Учеството е бесплатно, потребни ви се само исправно возило, возачка дозвола и сообраќајна исправа и жена совозач. За сите учеснички се предвидени награди – велат организаторите, Автомобилистичка федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите членки на АФСМ.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Фердинанд: Вистинско време за победа на Јунајтед на Енфилд

Следно

„Владата на Ковачевски додека се прикажува за лажен спасител на цената на лебот, за министрите набавува леб од 80 ден“

Latest from Blog