Белиот и полубелиот леб повторно во продавниците, сега се продаваат по замрзната цена од 33 денари

March 4, 2023
1 min read

Полиците за бел и полубел леб во продавниците и маркетите од денеска повторно се полни, но сега овие типови на леб се продаваат по замрзната цена од 33 денари

Откако три дена граѓаните не можеа да купат бел и полубел леб, од денеска на полиците во продавниците и маркетите тој повторно може да се најде, но сега по замрзната цена од 33 денари.

Полиците за леб останаа празни откако Групацијата на мелничко-пекарската индустрија донесе одлука да не произведуваат и носат бел и полубел леб, согласно Одлуката на Владата тој да се продава по замрзната цена од 33 денари, а образложението им беше дека на тој начин ќе претрпат огромни загуби.

По два дена бојкот, од Групацијата вчера донесоа одлука дека овие типови на леб од денеска ќе се продаваат за 33 денари, а на Владата и порачаа дека битката против оваа одлука ќе ја водат на правна основа.

Од Групацијата рекоа дека одлуките на Владата прават огромни штети и загуби на индустријата на месечно ниво кои се во износ од над 1,5 милиони евра и оти поради наметнатите загуби, пекарската индустрија е принудена да се приспособи и да ги намали цените за одредени видови леб, но и да намали на бројот на вработени за да опстане во иднина.

Одлуката на Групацијата дојде откако Владата им наложи на производителите и трговците дека имаат обврска да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена. Ваква одлука Владата имаше донесено во четвртокот на седница, а таа веднаш беше објавена во Службен весник со што стапи во сила.

Претходно инспекторите од Државен пазарен инспекторат ги контролираа трговците дали се почитува Одлуката за овие типови на леб да се продаваат по замрзната цена од 33 дена, а од извршените контроли рекоа дека се изречени казни за три скопски и една кумановска фирма. На четирите фирми им се изречени парични казни од над 300 000 денари.

Владата во вторникот одлучи да ја замрзне цената на лебот на 33 денари.

„Ја замрзнуваме цената на белиот и полубелиот леб, сечен на парчиња или цел, на 33 денари, односно цена од 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со тежина под 450 грама се утврдува цена во висина до 33 денари по леб која ќе биде во сооднос со тежината на лебот“,

рече Ковачевски.

Замрзнувањето на цената министерот за економија Крешник Бектеши ја оправдува со анализите што ги имаат направено во соработка со Државен пазарен инспекторат и со одредени пекарници, членки на групацијата на пекарници во нашата држава.

Од Владата најавија дека до крајот на наредната недела ќе се разгледа мерката да се замрзнат цените и на други производи како што се тестенините и млечните производи. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Автобус со деца се преврте на Алпите- повредени најмалку 20 лица

Следно

(ФОТО) 18 лица загинаа, а 40 се повредени во пожар во складиште за гориво во Џакарта

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која
Go toTop