Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

July 14, 2025
1 min read

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ.

„Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ кон фирмите и граѓаните. Наместо да ја заврши работата на институциите, Мицкоски им порача на фирмите кои чекаат со месеци да му се јават нему лично. Ова е уште една потврда дека државата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди партиски телефон на премиерот“, велат во СДСМ.

Од таму додаваат дека срамно е премиер на една држава да им порача на граѓаните и фирмите кои со месеци чекаат свои пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават“.

„Ова не е приватна фирма на Мицкоски, туку држава со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот. Додека фирмите чекаат пари за да исплатат плати и да опстанат, Мицкоски шета по автопати и дели изјави дека „немало проблем“.
Најмалку што може да направи е да ги забрза исплатите и да им се извини на сите на кои државата им должи. Граѓаните и фирмите не му должат ништо на Мицкоски за да му се јавуваат – тој им должи“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на данското претседателство

Следно

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop