Летниот камп за девојчиња „Мистик“ уништен по поплавите во Тексас, загинаа 27 деца

July 8, 2025
1 min read

ТЕКСАС (АА) – Кревети, мебел и лични предмети беа расфрлани пред поплавените кабини во летниот камп „Мистик“, откако поројни дождови предизвикаа катастрофални поплави кои го зафатија централниот дел на американската сојузна држава Тексас, јавува Анадолу.

Историскиот христијански летен камп за девојчиња потврди дека 27 кампери и членови на персоналот на летниот камп го загубиле животот кога реката Гвадалупе се излеала од коритото и го потопила кампот и околината.

„Кампот Мистик тагува поради загубата, како последица на катастрофалната поплава предизвикана од реката Гвадалупе“, се наведува во соопштението од управата на кампот.

Во соопштението се додава дека продолжуваат да соработуваат со властите во потрагата и спасувачките активности, изразувајќи благодарност за укажаната поддршка од страна на заедницата и итните служби.

Вкупниот број на загинати во поплавите што ја зафатија американската сојузна држава Тексас досега изнесува 104 лица.

Шерифот на округот Кер, Лари Леита, во понеделникот изјави дека во неговиот округ има 75 жртви како последица на поплавите, вклучувајќи 48 возрасни и 27 деца, од кои 15 од возрасните и 9 од децата сè уште не се идентификувани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Следно

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на

Latest from Blog

Невреме во Хрватска! Автомобили заглавени во пороен дожд, луѓето не можат да ги напуштат своите домови

Силен дожд ги поплави улиците на Умаг. Автомобили се заглавени во пороен дожд. Како што предупредуваат метеоролозите, во вторник е можно опасно време во Истра и областа Риека. Државниот хидрометеоролошки завод издаде

Варди потпиша во „пет за 12“: Беше пречекан како еден од најголемите римски императори (ВИДЕО)

Фото: Кремонезе Апсолутната легенда на англискиот фудбал, Џејми Варди се одлучи за возбудлива авантура во Италија, па стави потпис за Кремонезе на договор од една сезона, со можност за продолжување уште една.

Јужна Кореја: Околу 2000 севернокорејски војници загинаа во Русија

Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја процени дека околу 2.000 севернокорејски војници испратени во Русија за да учествуваат во војната во Украина загинале, изјавија јужнокорејските пратеници Парк Сун-вон и Ли Сеонг-квен.

Познатиот битолски архитект влегува во трката за градоначалник

Познатиот битолски архитект и сценограф Зоран Николовски официјално поднесе кандидатура за независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Битола. Николовски е вработен во Завод и Музеј Битола од 1999 година,

Дневен хороскоп: Овенот да избегнува исцрпеност, додека Бикот да внимава на стресот

ОВЕН Може да се најдете во ситуација каде што ќе мора да ја браните вашата позиција. Избегнувајте избрзани одлуки и претерани ветувања. Вашиот партнер може да биде чувствителен на вашите зборови или
Go toTop