Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

July 8, 2025
1 min read

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда.

Според полицијата, 48-годишниот Б. И. од Средно Коњари се превезувал како сопатник на теренското возило, управувано од волонтер, на пат меѓу две локации каде што екипите интервенираат на шумските пожари што ги зафатија скопскиот регион. Во еден момент четирициклот изгубил стабилност, пожарникарот паднал и се здобил со сериозни повреди.

Повредениот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и му укажале оперативна помош. Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се утврдуваат причините за несреќата.

Инцидентот се случува во ек на засилените напори за справување со повеќедневните пожари околу Скопје, при што пожарникарите и волонтерите работат во непристапен терен и висок ризик.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Следно

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Latest from Blog

Маж спуштил камера на длабочина од 150 метри во океан- од темнината излегло ретко и опасно суштество (ВИДЕО)

Во последниве години, благодарение на напредокот во технологијата, светот имаше можност да се сретне и да ги види чуварите на длабочините, но најновите снимки секако се доказ дека морето сè уште крие

Босанка ги налути Турците- игра жежок танц на шипка со знамето, ѝ се закануваат 5 години затвор (ВИДЕО)

Видеото што го објави на својот профил „Blittem“ брзо стана вирално, па дури и „Њујорк пост“ објави дека се соочува со затворска казна до пет години за „танцување на знамето“. Иако таа
Go toTop