ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

July 8, 2025
1 min read

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која било управувано возилото, објави денеска шпанската Цивилна гарда.

Иако вештачењето сè уште е во тек, истражителите најавија дека одделно ќе ги анализираат „трагите оставени од едното тркало на возилото“, но дека сè укажува дека брзината на возилото во моментот на несреќата била значително над дозволената на тој дел од патот.

Според прелиминарните информации, Диого Жота го управувал возилото во моментот на несреќата, која се случи ноќта меѓу 2 и 3 јули на автопат во покраината Замора, во северозападна Шпанија.

Дваесетиосумгодишниот Жота и неговиот три години помлад брат Андре, фудбалер на португалскиот второлигаш Пенафиел, починале на местото на несреќата пред да пристигнат службите за итни случаи.

Нивното возило, луксузен спортски автомобил „Ламборџини Хуракан“, кој според португалските медиуми бил изнајмен, излетал од патот, а потоа се запалил, соопшти Цивилната гарда.

Жота се ожени само десет дена пред несреќата со својата долгогодишна партнерка, со која имаше три деца.

Диого Жота и Андре Силва беа погребани во саботата во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

Следно

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Latest from Blog

Не се препознава актерот на црвениот тепих, кој е еден од фаворитите да биде следниот Џејмс Бонд (ФОТО)

Голем број познати личности прошетаа по црвениот тепих. Меѓу нив беше и Арон Тејлор-Џонсон, кој е еден од главните фаворити за да стане новиот Џејмс Бонд. Актерот изгледаше сосема непрепознатливо. Имаше долга

Шеста година по ред „Среќно прваче“ – Халкбанк им подари Буквар за финансиска писменост на првачињата

Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја

Наместо депонија – зелена оаза: Ѓорѓиевски најави парк од 300.000 m²

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со колегите Бобан Стефковски и Дејан Митески ја посетија депонијата Вардариште, која со децении претставува еколошки проблем и
Go toTop