Герасимовски: 2.500 денари еднократна помош за пензионери со ниски примања

July 8, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите пензионери со ниски примања да се пријават за еднократна финансиска помош од 2.500 денари, на јавниот повик што ќе биде објавен утре, 9 јули.

Право на пријавување имаат сите кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, при што месечниот износ не смее да го надминува  износот од 26.157 денари, односно просечната пензија исплатена во мај 2025 година.

„И годинава не ги забораваме пензионерите. Продолжуваме со поддршка за нашите највозрасни сограѓани. Оваа мерка е знак на нашата постојана грижа и солидарност“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Со барањето потребно е да се достави копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ за последната примена пензија ,  чек или потврда од банка за месец мај или јуни 2025 година (за старосна, семејна или инвалидска пензија). Корисниците на социјална пензија треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Барањето може да се подигне и поднесе во Архивата на Општина Центар, барака број 6, или да се преземе од веб-страницата на општината:  www.centar.gov.mk. Документацијата се доставува секој работен ден, од 09:00 до 14:00 часот.

Повикот ќе трае до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За реализација на оваа мерка, Општина Центар обезбеди 5 милиони  денари од буџетот за 2025 година.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Внимавајте: Виолетови медузи во бистрите мориња на Грција

Следно

Силјановска: ЕУ има проблем со демократијата – Мицкоски очекува голем број пратеници да не го поддржат амандманот на Бугарија

Latest from Blog

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 1 СЕПТЕМВРИ ДО 7 СЕПТЕМВРИ Близнаците купуваат недвижнини, Лавот е трендовски знак

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат

Ѓорѓиевски и Мицкоски ги поздравија првачињата на стартот на учебната година

На самиот почеток на учебната година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска, го посетија ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што за првачињата беа поделени
Go toTop