Идентификувани 54 од 57 загинати во железничката несреќа во Грција

March 3, 2023
1 min read

Од направените ДНК анализи и испитувањето на добиените примероци идентификувани се 54 жртви од железничката несреќа во Грција, согласно последните официјални податоци соопштени од портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду.

Во однос на процесот на информирање на роднините на жртвите, Димоглиду објасни дека продолжува од претставници на полицијата и специјални психолози, а на семејството на секоја жртва му се дава неопходното време.

Во железничката несреќа загинаа 57 лица, 38 се хоспитализирани, од кои седум на одделите за интензивна нега.

Поради трагедијата, веќе трет ден во Атина се организираат протести и собири.

Претпладнево протестираа студентите и учениците, кои мирно и масовно маршираа до зградата на „Hellenic train“, додека пак вечерва, демонстрации завршија со инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Не познавам човек во Македонија кој може да купи хотел за 60-тина илјади евра, освен пријателите на Груби

Следно

Гутереш: Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред тоа да не уништи нас

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop