Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужната турска област Кахраманмараш

March 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужната турска област Кахраманмараш, јавува Анадолу.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот ја погодил областа Оникишубат и бил на длабочина од 6,5 километри.

Земјотресот се случил во 5:53 часот по локално време.

Земјотресот се случи во моменти кога Туркије се справува со последиците од разорните земјотреси од 6 февруари во јужниот регион на земјата, кои однесоа најмалку 45.089 животи.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмараш, погодија околу 13,5 милиони луѓе во 10 други области – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барменот Вања Головски ќе ја претставува земјава на Светското првенство на бармени во Рим

Следно

Јапонија: Бројот на ученици кои извршиле самоубиство се искачи на највисоко ниво во 2022 година

Latest from Blog

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото
Go toTop