Висок терорист на ПКК/КЏК неутрализиран од турски МИТ во северен Ирак

March 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Висок терорист на ПКК/КЏК е неутрализиран од турската разузнавачка служба МИТ во северен Ирак, соопштија безбедносни извори, јавува Анадолу.

„Саад Али Бедел, со кодно име „Чеко Пир“, за кој е утврдено дека учествувал во акции против турските бази, е водач на терористичките активности против турската разузнавачка служба во регионот Синџар“, наведоа изворите.

МИТ, кој назначил специјален тим за следење на активностите на Бедел во Синџар, утврдил дека терористот живее со Језидите.

„Турските сили презедоа акција откако дознале дека Бедел планира нова акција против базата „Башика“ на турската Армија во Мосул, Ирак“, додаваат изворите.

Турските разузнавачи го неутрализираа Бедел во Синџар и покажаа високо ниво на чувствителност во однос на ненанесување штета на цивилното население кое терористот го користел како штит.

Бедел, кој бил таканаречен воен офицер на ПКК/КЏК-ЈБС Синџар, е терорист кој ги предводел активностите против турската разузнавачка служба и нападите врз базата на турската војска Башика/Геду.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Следно

Изречени 248 казни за возачите: Во Скопје се вози брзо, без дозвола и со неисправни возила

Latest from Blog

МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Променливо облачно време со силен северен ветер

Утре во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе надминува 60 km/h, особено вдолж

Колку наплаќаат банките во Македонија од исплати во странство?

Минатата година од октомври, банките во Македонија, Албанија, Црна Гора и Молдавија, започнаа со извршување трансакции преку СЕПА, што претставува конкретен чекор кон финансиска и економска конвергенција со Европската Унија. Членството во

Макрон повторно е ѕвезда на социјалните мрежи по она што го направи во Индија- ги носеше и познатите очила (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно стана ѕвезда на социјалните мрежи откако беше снимен како џогира по крајбрежната улица во Мумбаи наутро, облечен во шорцеви и очила за сонце, привлекувајќи го вниманието на
Go toTop