Делата на Лубарда се предодредени на вечност и тестамент во кој е втисната меморијата на постземјотресно Скопје и МСУ

March 2, 2023
1 min read

Музејот на Современа уметност синоќа беше претесен да ги прими сите што дојдоа на отворањето на изложбата на сликарот Петар Лубарда, еден од родоначалниците на модерната уметност во поранешна Југославија, по потекло од Црна Гора. На изложбата , организирана година кога се одбележуваат 6 децении од скопскиот земјотрес, се прикажани дела на Лубарда од колекцијата на МСУ, од кои 26 уметникот ги подарил веднаш по земјотресот, во знак на солидарност. Со тоа тој се вбројува меѓу најголемите дарители на МСУ.

Овој гест е значаен и од аспект на формирањето на Музејот на современа уметност во Скопје. И може да се каже дека бил иницијација за создавање на оваа престижна институција, што посебно не радува. Врските меѓу нашите народи и во бившата држава беа силни и продуктивни, а сигурна сум дека така е и денес, вели Маша Влаовиќ- министерка за култура и медиуми на Црна Гора

Ова не е само една обична изложба. Сега по долго време сме со сите 52 подарени дела од големиот црногорски и светски уметник Петар Лубарда. Оваа изложба на дела што се предодредени на вечност, е тестамент во кој е втисната меморијата на постземјотресно Скопје и на МСУ, изјави Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура

Слики во техниката масло на платно и лесонит, акварели, цртежи, скици и студии , го доловуваат развојниот творечки пат на Лубарда. Работени во  експресивен фигуративен стил, кој се граничи со асоцијативна апстракција, овие дела преставуваат раскрстување со наметнатото соцреалистичкото сликарство.

Постепено настапува преодот од она што било некој вид догматски соцреализам. Југословенското општество било пред предизвикот да се трансформира и да се отвори кон модерен израз, изјави Владимир Јанчевски- кокуратор на изложбата

Изложбата вклучува и архивски, публикувани  и видео материјали за творештвото на Лубарда. А, ќе биде отворена до крајот на овој месец.

фото: Маја Јаневска- Илиева

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: „Пиши кога ќе стигнеш“ – симболична поддршка и порака од учениците во Грција после трагичната железничка несреќа

Следно

Британците плаќаат стотици милиони фунти за ветерниците да не им работат

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop