Туркије: Над 617.500 луѓе евакуирани по воздушен пат од регионот погоден со земјотресот

March 2, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 617.500 луѓе се евакуирани по воздушен пат од областите погодени од силните земјотреси што на 6 февруари ја погодија јужна Туркије, соопшти Управата за цивилно воздухопловство, пренесува Анадолу.

Извршени се вкупно 3.540 летови за евакуација на жртвите, соопшти Генералниот директорат за цивилно воздухопловство.

Исто така, извршени се 292 лета за доставување хуманитарна помош во областите погодени од земјотресот.

Дирекцијата координираше и 690 странски авиони кои превезуваа хуманитарен материјал во регионот.

Наведено е дека „Туркиш ерлајнс“, „Пегасус“, „Сан Експрес“, „Фрибрд ерлајнс“, „Кортекс авијација“, „Корендон ерлајнс“, „Тајлвинд ерлајнс“, „Ер Анка“, „Мави Гок ерлајнс“, „МНГ ерлајнс“, „УЛС ерлајнс“ и „АЦТ ерлајнс“ се приклучиле на операциите.

Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер, што беа со епицентар во Кахраманмараш, а погодија и 10 други области – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Бистра вода“ прва домашна серија на новата платформа за македонска продукција „Кинемое“

Следно

Украина: Во руски ракетен напад во Запорожје загинаа најмалку 4 лица

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот носи дополнителни 5,8 милијарди денари за инвестиции

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт
Go toTop