Украина: Во руски ракетен напад во Запорожје загинаа најмалку 4 лица

March 2, 2023
1 min read

ЗАПОРОЖЈЕ (АА) – Најмалку 4 лица ги загубија животите, додека 8 се повредени како резултат на ракетните напади извршени од страна на руските сили во градот Запорожје во Украина, пренесува Анадолу.

Во соопштението објавено на Телеграм од страна на Канцеларијата на украинското Обвинителство се вели дека руските сили извршиле ракетни напади врз цивилни населби во Запорожје.

„Ракета С-300 удри во 5-катна зграда. Според прелиминарните податоци, 4 лица загинаа, 8 други се повредени, додека 5 лица се исчезнати, од кои едното е дете“, се вели во соопштението.

– Во тек се операциите за пребарување и спасување –

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат во урнатините на зградата.

Службите ги продолжуваат напорите за пребарување и спасување на местото на нападот и го расчистуваат од остатоците од урнатините.

Како резултат на силната експлозија оштетени се и неколку објекти во околината, а во областа се поставени шатори за жителите чии домови се оштетени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Туркије: Над 617.500 луѓе евакуирани по воздушен пат од регионот погоден со земјотресот

Следно

Двајца скопјани каснати од улични кучиња

Latest from Blog

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,
Go toTop