(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Мора да го зајакнеме партнерството со НАТО, безбедноста на Европа е загрозена

January 10, 2023
1 min read

Таа, исто така, ја истакна важноста да се задржи „притисокот врз Кремљ“ при што нагласи дека ЕУ наскоро ќе воведе санкции за земјите, вклучувајќи ги Белорусија и Иран, кои воено ја поддржуваат руската војна во Украина

Церемонија на потпишување на Заедничката декларација за соработка НАТО-ЕУ во Брисел, Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

По денешното потпишување на заедничката декларација со Европската Унија, НАТО вети дека ќе ја зголеми поддршката за Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека стратегиското партнерство меѓу ЕУ и НАТО е поважно сега од кога било, пишува Си-ен-ен.

„Мораме да продолжиме да го зајакнуваме партнерството меѓу НАТО и Европската Унија и мора дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина“,

рече Столтенберг во Брисел по потпишувањето на третата заедничка декларација ЕУ-НАТО со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Знаеме дека мораме да го зајакнеме ова повеќе од 20-годишно партнерство бидејќи безбедноста на Европа е загрозена. Партнерството ЕУ-НАТО ќе стане уште поважно кога Финска и Шведска ќе станат полноправни членки на НАТО“,

изјави Фон дер Лејен за новинарите.

Таа, исто така, ја истакна важноста да се задржи „притисокот врз Кремљ“ при што нагласи дека ЕУ наскоро ќе воведе санкции за земјите, вклучувајќи ги Белорусија и Иран, кои воено ја поддржуваат руската војна во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 161 960 тони комунален отпад во 2022

Следно

Забрани во Авганистан: Нема салони за убавина, девојки не смеат да работат во трговски центри

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop