Мисајловски: ДУИ наредува Ковачевски исполнува, а Македонија тапка во место

February 28, 2023
1 min read

Денес разговараме за неколку заменици министри, каде што треба да се разрешат и моето мислење е дека навистина треба да се разрешат, но не само овие министри туку и целата влада, рече од собраниската говорница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Кога ќе се погледнат сите стратешки документи, коага ќе се погледне целата програма на владата, нивните стратешки приоритети ќе видиме дека ништо не е исполнето. Треба да разговараме за Башким Хасани, претпоставувам најголем дел од македонската јавност ниту слушнала ниту го познава овој човек, ниту пак знае дека нешто е направено или пак некоја реформа од него. Тој е актуелен во последно време поради активностите во некоја група што не им се допаѓа на ДУИ и затоа го менуваат. Претпоставувам дека премиерот поима нема ни кои се овие луѓе што се предложени ниту пак знае нешто за нивната биографија, туку важно е да бидат предлози од оние кои влегуваат во владата и за жал не смее ништо да рече, истакна Мисајловски.

Тој посочи дека пред неколку години ова истото му го говорел на еден дргу премиер мислејќи на Зоран Заев, дека важно е овие луѓе да бидат квалитетни, а не кој од која партија доаѓа.

-Ова што се случува овие денови е за потсмев, ова е навистина поигрување со интелигенцијата на народот, бидејќи постојано велеа дека ќе има зголемување на мнозинството во собрание, но тоа не се случи, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски додаде дека оваа власт тапка во место, а со ваквите потези само се губи време.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР со детали: Пронајдена почината жена под Железничката станица во Скопје

Следно

Страшна сообраќајна незгода вечерва во Бутел

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop