Италијански министер: Болсонаро не ни побара државјанство, а и не би можел да го добие

January 10, 2023
1 min read

Бразилските медиуми, по немирите на приврзаниците на Болсонаро во Бразилија во неделата, објавија дека поранешниот претседател побарал италијанско државјанство

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство и дека не би можел да го добие дури и да го направел тоа.

„Тој не го побара тоа и не верувам дека може да го добие, што се однесува до мене“,

изјави Тајани во интервју за италијанското радио.

Бразилските медиуми, по немирите на приврзаниците на Болсонаро во Бразилија во неделата, објавија дека поранешниот претседател бара италијанско државјанство.

Во неделата, илјадници демонстранти упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата, одбивајќи да го признаат изборниот пораз на Болсонаро од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој пред една недела положи заклетва како претседател на Бразил.

Бразилската полиција уапси околу 1 500 луѓе во понеделникот, еден ден откако радикалните приврзаници на Болсонаро ја ограбија зградата на Конгресот, ги пробија барикадите, се качија на покривот и ги искршија прозорците.

Болсонаро, кој моментално престојува во американската сојузна држава Флорида, а вчера беше хоспитализиран поради болки во стомакот, никогаш јавно не се огласил и не ја признал загубата на изборите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нула депонии во Аеродром во 2023 година: Интензивни активности за чистење на јавните површини

Следно

Кина престана да издава визи за јапонските граѓани

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop