Во Украина мобилизацијата оди сè потешко

February 28, 2023
1 min read

Руслан Кубај бил изненаден кога добил покана за војска во јануари. Заведен како лице со инвалидитет уште од детството, затоа што нема раце, тој спаѓа во листата на лица автоматски изземени од регрутација. Уште поизненадувачка била реакцијата на службениците во локалната единица близу Лавов. Тие не само што не си ја признале грешката туку и го прогласиле способен за служба. Одлука која е променета дури по националниот скандал што го предизвика неговата објава на социјалните мрежи. 

Случајот со Кубај е екстремен, но е далеку од изолиран инцидент. Украина видно ја забрза мобилизацијата во првите два месеца од годинава. Извори на Економист велат дека службениците во западна Украина се најагресивни. Се врачуваат позиви за војска по погреби, на контролни пунктови, во трговски центри и по улици. Иако падна снег, популарните скијалишта се празни зошто воени службеници шпартаат наоколу, а на социјалните мрежи се споделуваат информации каде вребаат луѓе што регрутираат.

Прретседателот Владимир Зеленски во февруари по шести пат го продолжи законот за воена состојба и општа мобилизација. Во меѓувреме има значителни промени. Претходно, регрутацијата беше централизирана во само една комисија, сега позиви може да издаваат разни инстанци, без географски ограничувања.

Во првиот бран повеќето регрутирани беа добоволци а редиците пред единиците за регрутација беа честа глетка. Сега службениците регрутираат од многу помалку ентузијастични редови. 

Главниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, во декември изјави дека нема итна потреба од масовна мобилизација; главен проблем беше оружје и муниција. 

Но, односот на силите, кој некогаш беше на страна на Украина, сега прејде на страна на Русија, која од септември мобилизираше најмалку 250.000 мажи. Во меѓувеме, треба да се прават резерви за евентуална контраофанзива, од Запад пристигнува воен хардвер кој треба да биде екипиран а и загубите во борбите на источниот фронт, околу градот Бахмут, треба да се избалансираат со нови луѓе.

Во Украина секогаш постоел јаз помеѓу правото и праксата. Тоа стана уште поочигледно за време на војната, кога бирократијата се труди да ги исполни политичкo-воените таргети. Процесот за регрутација станал особено спорен последниве недели. 

„Од регрути не може да се бара да пополнуваат формурали на улица, особено не под закана“, вели еден адвокат кој се бави со овие прашања.

И кога ќе се прими позив, тоа не значи автоматско заминување на фронт. Предвидени се доста широки изземања: болест, инвалидитети, студирање, или пак бавење со одредени професии кои државата ги смета за важни. Многумина во ИТ-секторот, на пример, имаат добиено 6-месечен грејс период за одење во војска. 

Украинците се досетливи и надвор од овие рамки. Некои склучуваат бракови со мајки на 3 или повеќе деца, што значи нивно изземање од списоците за регрутација, се наоѓаат корумпирани лекари кои издаваат медицинска поштеда а за неколку илјади долари може да ве прошверцуваат преку граница. 

Но, и војската не се предава лесно. Двајца од најгласните адвокати кои ги оспорувале спорните позиви за регрутација, ненадејно добиле позив за регрутација. 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Кривичниот суд прво рочиште за кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница

Следно

Жан Митрев пристигна во Кривичен, почнува судењето за измама – Блокирани сметките на болницата

Latest from Blog

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,

Се претера и со „српскиот свет“ во Македонија – Цуле Покорни од СДСМ пишува соопштенија за Манасије Српски од ВМРО-ДПМНЕ

Чудно, зошто во секое соопштение на СДСМ мора да се хејта Вучиќ, да се хејтаат „ќаците“, да се хејта сè што е српско во Македонија и поради тоа маркирано како блиско до

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа
Go toTop