Собранието ги избра Кренар Лога, Фатмир Меџити, Азир Алиу и Каја Шукова за нови министри

February 27, 2023
1 min read

Од присутни 114 пратеници во салата, „за“ Лога, Алиу и Шукова вкупно гласаа 65 пратеници, без ниту еден против и ниту еден воздржан. Алиу беше избран со 64 гласа „за“ и без ниту еден против и ниту еден воздржан

Собранието на Република Северна Македонија вечерва избра четири нови министри: Кренар Лога (Алијанса) – министер за правда; Фатмир Меџити (Алијанса) – министер за здравство; Азир Алиу (Алијанса) – министер за информатичко општество и администрација; и Каја Шукова (СДСМ) – министерка за животна средина и просторно планирање.

Од присутни 114 пратеници во салата, „за“ Лога, Алиу и Шукова вкупно гласаа 65 пратеници, без ниту еден против и ниту еден воздржан. Алиу беше избран со 64 гласа „за“ и без ниту еден против и ниту еден воздржан.

По гласањето, новите министри положија свечена заклетва.

Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ.

Спикерот Талат Џафери ја продолжи седницата со третата точка, разрешување на заменик-министрите – двајца кадри на Алтернатива: Абдулшуќур Абедини – за земјоделство и Лулзим Алиу – за образование и наука и третиот заменикот за одбрана – Башким Хасани кој е дел од „огнената група“ во ДУИ. Заминиците-министри не ги образложија предлозите за разрешување.

Покрај нив, од Владата заминаа уште двајца заменици кои сами си поднесоа оставки: Агим Нухиу (ДУИ) кој беше заменик за правда, како и заменикот во здравство, Владимир Рендевски (СДСМ).

Четврта точка на собраниската седница, пак, е именување на заменици кои ќе ги пополнат нивните места. Според предлогот, Агим Нухиу, кој пред да биде заменик во Правда, беше и во МВР, повторно ќе седне во функционерска фотелја, но како заменик-министер за образование и наука.

Друите предлози за заменик-министри се: Тирон Јајага (Алијанса) – заменик-министер за одбрана; Вјолца Бериша (Алијанса) – заменик-министерка за земјоделство; Викторија Аврамовска-Мандиќ (СДСМ) – заменик-министерка за правда; и Маја Манолева (СДСМ) – заменик-министерка за здравство.

Собраниската седница на која ќе се расправа за разрешувањето на замениците-министри ќе продолжи утре во 14 часот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Канада им забрани на државните службеници да користат TикТок на официјалните мобилни телефони

Следно

Избрани новите министри – Лога за правда, Меџити за здравство, Алиу за информатичко општество и Шукова за животна средина

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop