Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

May 9, 2026
1 min read

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа откри дека Милена пред трагедијата побарала помош од неа, но никогаш не успеала да го направи последниот чекор за да се спаси.

Во потресниот статус, адвокатката наведува дека жртвата ѝ пишувала, а потоа ги бришела пораките, очигледно стравувајќи од последици. Последната комуникација, како што наведува, била на 5 октомври 2025 година, кога Милена ѝ напишала дека ќе ја побара „во прва можна прилика“. Таа прилика, за жал, никогаш не дошла.

„Срцето ми се скрши…“, пишува Котеска-Стисниовска, прашувајќи се зошто Милена не одлучила да избега и да се спаси. Според неа, жената била длабоко скршена по смртта на својот син, кој претходно загинал во сообраќајна несреќа, поради што, како што наведува адвокатката, „изгубила желба да се бори“.

Таа испрати силна порака до сите жени кои се жртви на насилство, апелирајќи да не молчат и навреме да побараат помош.

„Животот е еден, а децата кои растат во насилство носат трауми кои оставаат последици за цел живот. Нема оправдување за семејното насилство“, порача адвокатката, повикувајќи на поголема храброст кај жртвите, но и на посилна општествена поддршка.

Трагедијата се случила во стан на периферијата на Пјаченца, каде Милена живеела со сопругот Хако Витанов и нивните деца. Според италијанските медиуми, Витанов, брат на поранешниот македонски конзул во Италија Стојан Витанов, по убиството сам се јавил на бројот за итни случаи.

„Дојдете, ја убив жена ми“, им рекол на операторите.

Карабињерите подоцна го пронашле во близина на градските гробишта, каде наводно се обидувал да си го одземе животот. Истрагата за мотивите и околностите на злосторството е во тек, а според првичните информации, убиството било извршено со нож и најверојатно произлегло од долгогодишни семејни конфликти.

Случајот повторно ја отвори темата за семејното насилство и потребата жртвите навреме да добијат заштита, поддршка и охрабрување да излезат од насилната средина пред да биде предоцна.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лапорта и Перез го откажаа заедничкиот ручек во пресрет на „Ел Класико“!

Следно

Bastisje në Gostivar, gjenden substanca narkotike dhe para

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop