Пад на превезената стока со железницата

February 27, 2023
1 min read

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939 000, во градско-приградскио 11 825 000, во железничкиот 131 000, а во воздухопловниот превоз 559 095, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3 460 000 патници, во градско приградскиот, 41 634 000, во железничкиот 406 000, а во воздухопловниот 2 365 847.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,7 проценти, во железничкиот е намаленo за 28,5 проценти, а во воздухопловниот е намалено за 3,5 проценти.

Според податоците на ДЗС, во последниот квартал лани се превезени 22 061 000 тони стока во товарниот патен превоз, а во тек на целата година 74 639 000.

Железничкиот превоз, пак, бил искористен за транспорт на 316 000 тони стока во четвртиот квартал, а во тек на цела 2022 година се транспортирани 1 372 000 тони стока.

Од превезената стока со железницата во последниот квартал лани, 315 илјади тони се во меѓународниот, а илјада тони во националниот железнички превоз.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Далмација отсечена поради снежното невреме, се извлекуваат заглавените во снегот

Следно

Зеленски смета на тоа дека Путин ќе биде убиен од своите

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop