Ердоган учествуваше на онлајн состанок на европските лидери за Украина и одбраната

March 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на онлајн​​​​​​​ состанок на европските лидери, јавува Анадолу.

Ердоган на состанокот учествуваше од палатата „Долмабахче“ во Истанбул, придружуван од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, шефот на Директоратот за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килиќ и Омер Челик, портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија).

Состанокот беше втор од ваков вид, дизајниран да ги запознае лидерите со дискусиите меѓу шефовите на држави и влади на Европската Унија во врска со поддршката за Украина и европската одбрана.

На состанокот учествуваа и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас и лидерите на Исланд, Норвешка и Обединетото Кралство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лондонскиот аеродром Хитроу обнови некои летови по прекинот на електричната енергија

Следно

Пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop