Готвачот Ајдин секојдневно патува и дели храна во турските региони погодени од земјотресите

February 26, 2023
1 min read

ОСМАНИЈЕ (АА) – Готвачот Јашар Ајдин спроведува сопствена хуманитарна акција и секојдневно ги обиколува турските региони погодени од земјотресите, делејќи храна и помош за преживеаните и спасувачките тимови на теренот, известува Анадолу.

Ајдин во разговор со новинарот на Анадолу рече дека секој ден дели по 6.000 сендвичи во регионите погодени од земјотресите.

Секојдневно патувајќи од град во град, главно во руралните населби, Ајдин не дели само храна, туку и облека, печки, греалки и агрегати.

„Ќе ги обиколам сите места и села во секоја област погодена од земјотресите. Тоа се нешта што можеме да ги сториме. Заедно ќе ги залечиме овие рани“, рече Ајдин.

Во хуманитарната мисија заедно со својот син им испорачуваат храна и на повредените кои се донесени во турскиот град Адана на лекување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНКЕТА: Се зголемува бројот на луѓе кои ќе гласаат, ВМРО-ДПМНЕ води двојно пред СДСМ

Следно

Руските сили вчера извршија 19 воздушни и 14 ракетни напади

Latest from Blog

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин

Петрова: „Е-фактура“ е заеднички проект со стопанството, што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на денешниот настан организиран од Сојузот

Трајановски: Луѓето на ВМРО што сега се на власт се третиот ешалон на Груевски

Потпретседателот на СДСМ Александар Трајановски, во интервју за Рацин.мк вели дека во пост-конгресниот период на СДСМ најавува борба зашто народот очекува некој да се спротивстави на оваа власт, бидејќи имаме апсолутно ненародно

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа во тргувањето – МБИ10 месецот го заврши со раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во текот на јануари 2026 година, на Македонската берза се реализираа 1.350 трансакции со вкупен промет од 387.459.473
Go toTop