Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на 17 и 18 август 2026 година, Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Јегуновце, ќе ја спроведе третата терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце.
Дезинсекцијата се спроведува со цел сузбивање на возрасните форми на комарци и други штетници, согласно претходно изготвен план за динамиката на активностите и техничката спецификација.
Третманот ќе се изведува во вечерните часови, по 24:00 часот, до раните утрински часови, и тоа само доколку временските услови се поволни. Во случај на врнежи или појава на силен ветер, дезинсекцијата ќе биде одложена за наредниот ден или за друг ден со поволни временски услови.
За спроведување на дезинсекцијата ќе се употреби препаратот AQUA K-OTHRINE 2 EW, во концентрација согласно упатството за употреба на производителот.
Препораки до граѓаните
Се известуваат граѓаните во периодот на спроведување на дезинсекцијата:
да избегнуваат непотребно движење и престој на отворено во времето на третманот;
доколку се во можност, да ги затворат прозорците и вратите за време на спроведувањето на третманот;
да ги заштитат храната, приборот и другите предмети кои се користат во домаќинството, доколку се на отворено;
да не се задржуваат во непосредна близина на возилата и екипите кои ја вршат дезинсекцијата.
Посебно се известуваат пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства и кошниците во периодот на спроведување на дезинсекцијата.
Дезинсекцијата ќе се реализира согласно утврдениот план и во зависност од временските услови.
Општина Јегуновце ги повикува граѓаните да ги почитуваат наведените препораки и мерки за заштита.
Извор: zurnal.mk


