Митева: Само 22 важечки лиценци на цела држава, ДПИ со забрана за вршење должност на сите субјекти без важечка лиценца

March 18, 2025
2 mins read

Ветивме борба со криминалот, ветивме истрага на сите актуелни состојби. Сакам да ја информирам јавноста за преземените активности на надлежните институции по завршување на денешната владина седница, а кои се однесуваат на две точки: Првата е на преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информацијата за состојбата за сместувањето на семејствата на оние коишто се хоспитализирани надвор од државата, истакна Марија Митева, портпарол на Владата.

-На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор.

Во моментот на надзорот субјектите не вршат дејност, што е разбирливо поради прогласената седумдневна жалост. Но, врз основа на податоците со коишто располага Државниот пазарен инспекторат и остварени контакти со одговорните лица на самите угостителски објекти, се обезбедени документи коишто се потребни за надзорот да биде извршен.

Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се 22 на број на цела територија на државата, но има и 15 лиценци коишто се со истечена важност.

Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 поседуваат важечки лиценци (за кабаре), 8 имаат истечени лиценци, а 3 објекти немаат никаква лиценца.

Во Куманово има 3 објекти, сите со важечки лиценци за кабаре.

Во Штип, Виница и Делчево по еден објект е регистриран како кабаре и сите поседуваат важечки лиценци.

Во Струмица има 4 објекти: 2 со важечки лиценци за диско-клуб, 1 со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор, а 1 со истечена лиценца.

Во Гевгелија имаме еден објект со истечена лиценца.

Во Велес има еден објект со важечка лиценца за диско-клуб.

Во Битола има четири објекти – три со важечки лиценци за кабаре, а еден со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор.

Во Прилеп има два објекти, и двата се со истечени лиценци.

Во Кавадарци има еден објект со важечка лиценца.

Во Велес има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Неготино еден објект со истечена лиценца.

Во Охрид има четири објекти – два со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.

Во Кичево има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Во Гостивар има еден објект со истечена лиценца.

Во Тетово има шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечени лиценци, истакна Митева и додаде:

„Дополнително, сакам ја информирам јавноста дека денес Државниот пазарен инспекторат е на терен и се проверуваат сите 22 објекти коишто имаат важечка лиценца дали ги исполнуваат минимум технички услови коишто се потребни за да ја добијат таа лиценца. Заедно со останати надлежни институции за тоа ќе излеземе со дополнителни информации откако ќе заврши целиот надзор којшто тие го прават.

За сите други објекти, коишто се со истечена важност на лиценцата или немаат воопшто лиценца, Државниот пазарен инспекторат донесе забрана за вршење на нивната дејност сè додека не се утврдат сите потребни документи, додека не се провери дали воопшто поседуваат услови, минимално технички услови за вршење на дејност за истите да можат да обезбедат дополнителна лиценца.

Во Министерството за економија,пак сакам да информирам дека се прави и проверка на лиценците дали повторно има некој случај со злоупотреба на архивското работење, односно за некоја лиценца да е заведена по друга основа.

Сакам да ја информирам јавноста за она што го најавивме вчера, дека ќе се донесе и официјализира одлуката во однос на помошта на семејствата за транспорт и сместување.

Денеска Владата ја официјализираше таа одлука и го задолжи Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 30 милиони денари коишто треба да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи.

Во овој момент можеме да ја информираме јавноста дека се обезбедени 58 лица, односно за истите се обезбедени транспорт и сместување. И дека оваа одлука ќе се однесува и на оние лица коишто заминале и пред донесување на оваа одлука, ќе може ретроактивно да им се изврши дополнителна исплата.

Ова се актуелните случувања коишто на денешната седница на Владата, беа соопштени како информации и ова се заклучоците коишто беа донесени. Остануваме посветени, ќе ја информираме јавноста транспарентно за сите преземени чекори.“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кошаркарските шампионати на Македонија поместени за една недела

Следно

ДПИ: Откриени ноќни клубови кои работат без лиценца, само 22 се со лиценци со важечки датум

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop