Сериозниот недостиг на медицински средства во Газа го отежнува лекувањето на пациентите

March 18, 2025
1 min read

Сериозниот недостиг на медицински средства и лекови во Појасот Газа ја прави сѐ потешка негата која е неопходна за спасување животи, соопшти денес Меѓународната федерација на здруженијата на Црвен крст и Црвена полумесечина (IFRC), јавува Анадолу.

Портпаролот Томасо Дела Лонго на брифингот на Обединетите нации (ОН) во Женева изјави дека медицинските установи се „преплавени“ од бројот на пациенти и дека залихите за соодветна медицинска нега се сѐ помали.

„Од почетокот на март, во Газа не влегол никаков конвој со хуманитарна помош, ниту гориво, што дополнително го парализира здравствениот систем. Итните возила остануваат без гориво, што ја ограничува нивната можност да реагираат на итни случаи. Тимовите на Палестинската Црвена полумесечина работат на проценка на влијанието од недостигот на гориво врз нивната способност да стигнат до оние на кои им е потребна помош“, рече тој.

„Недостатокот на медицински средства и лекови во болниците и клиниките ја прави негата сѐ потешка“, нагласи Дела Лонго.

Тој апелираше за продолжување на прекинот на огнот, како и за безбеден и непречен проток на хуманитарна помош, вклучително и медицински средства, храна и гориво. Исто така, повика на итен прекин на непријателствата, заштита на цивилите и хуманитарните работници, како и безусловно ослободување на сите заложници.

Израелската Армија рано утринава ја бомбардираше Газа, при што се убиени повеќе од 400 Палестинци, а стотици беа повредени, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот со палестинската група Хамас, кој стапи на сила на 19 јануари.

Фотографиите од Газа покажуваат дека мнозинството жртви се цивили, вклучувајќи жени и деца, чии домови се уништени во нападите.

Во израелските напади, што започнаа од октомври 2023 година, убиени се над 48.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а Газа е оставена во урнатини.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата го задолжи МФ да обезбеди 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на најблиските на повредените во пожарот

Следно

Кошаркарските шампионати на Македонија поместени за една недела

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop