Мицкоски најавува робусна контрола: Сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани

March 18, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос безбедноста и лиценци за ноќните клубови и кабареата, што вчера дознаеме дека само 12 клуба во целата држава имаат лиценци и работата на инспекторатите досега, изјави:

„Во моментот трае акција на Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата. Инаку согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, се лиценцираат отворени и затворени дискотеки. Јас би кажал дека не е толкава бројката на целата територија, но е многу поголема од тие коишто имаат обезбедено законски документ. 2007 е сменет Законот. 

Во тие измени на Законот, документите кои ги доставува правното лице коешто бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што, екс официо не се проверени тие документи. Така што овој објект од свои петстотини и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре. 

Ни по една основа не може да биде кабаре и да бара лиценца за кабаре. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките, сумата којашто треба надоместокот да се плати, е поголем, виза ви овие коишто се лиценцираат како кабаре.

Се истражува и бидете сигурни, бидете сигурни дека ниту еден објект којшто не ги исполнува, како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира со сиот ризик и критика којашто потоа Владата ќе ја трпи.

Жалам што досега, сето ова се толерирало. И жалам што луѓето во Министерството за економија, дури и кога ги добивале документите под полна материјална, и морална и кривична одговорност, таков е Законот, екс официо не ги проверувале. 

Жалам што за 15 минути за одредена сума надомест, се давани овие лиценци. Но тоа е она за коешто можеме денеска да го кажеме. Кога би бил семоќен и да можам да го вратам времето неколку години наназад би било сѐ поинаку, но за жал не сум.

Тоа што можам јас сега да го направам, како прв човек на Владата, а го правам и во текот на вчерашниот ден и денеска ќе го правам на сама седница на Влада, е робусна акција, робусна контрола, жестока контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани.”

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Медиумите откриваат што требало да знаат полицијата и општина Кочани за работењето на дискотеката „Пулс“

Следно

Владата го задолжи МФ да обезбеди 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на најблиските на повредените во пожарот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop