Првата дама на САД навести дека Џо Бајден е подготвен за нова претседателска трка

February 24, 2023
1 min read

Првата дама на САД Џил Бајден денеска даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, изјавувајќи дека „речиси ништо“ не останува да се направи освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

Иако Бајден одамна ја искажа својата намера повторно да се кандидира за функцијата, тоа се уште официјално не го сторил, а го мачат прашањата дали не е престар за да продолжи како претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, на крајот на вториот претседателски мандат ќе има 86 години.

-Тој вели дека сè уште не е готов со обврските. Не го завршил тоа што го почна, и тоа е важно, рече Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка, и притоа праша колку пати тоа мора да повтори за луѓето да поверуваат.

Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април.

Првата дама на САД неодамна беше опишана како клучната фигура во орбитата на Бајден во однос на неговите планови за иднината.

-Тоа е така затоа што јас сум негова сопруга, изјави таа, пренесена од американските медиуми.

Меѓутоа, на прашањето дали таа е одлучувачкиот глас за претседателската кандидатура на сопругот, Џил Бајден одговори дека тој ќе ја сослуша, бидејќи тие се брачна двојка, меѓутоа, „тој самиот си ги носи одлуките, верувајте ми“, додаде таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган во телефонски разговор со Путин повикал на праведен мир

Следно

Силувачите на девојче во Косово добија вкупно 40 години затвор

Latest from Blog

Дрон го наруши воздушниот сообраќај на аеродром во Германија

Неидентификуван дрон предизвика прекини во сообраќајот на аеродромот во Хановер синоќа, соопшти германската федерална полиција. Неколку авиони беа пренасочени, а летовите беа накратко целосно прекинати, објави германскиот NDR. Портпаролот на полицијата изјави

Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“: „Сакам да го истетовирам револверот на Владо Черноземски, само не знам каде да му најдам место“ (ВИДЕО)

Јавноста ќе ја запознае како пејачка, која жанровски ги негува новите стилови како рапот, трапот, ар ен би музиката… Остра на јазик, бескомпромисна во своите текстови, полни со гнев, уличен сленг, па

Изгледот на 13-годишната ќерка на Бијонсе предизвика критики: „Треба да го заштити детето“!

 Појавата на тинејџерката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, од пофалби до критики. Бијонсе објави фотографија со нејзината мајка и ќерка на Инстаграм со опис: „Честитки, мамо, за твојата филантропска награда на

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук
Go toTop